Аргентина во Копа Америка без Икарди

Мауро Икарди нема да биде на списокот на аргентинскиот селектор Лионел Скалони за претстојното првенство на латиноамериканскиот континент „Копа Америка“.

Напаѓачот на Интер не се најде меѓу 23 репрезентативци поради големото отсуство од теренот и исцрпните преговори околу новиот договор со италијанскиот клуб.

Аргентинецот по пропаднатите преговори се пожали на повреда, така што долго време беше надвор од теренот, а во јавноста се зборуваше дека Икарди всушност е здрав и дека глумел поради незадоволство од текот на преговорите.

Инаку, годинешното 46 издание на Копа Америка ќе започне на 14 јуни, а ќе заврши на 7 јули. Бранител на насловот е Чиле, кој овој куп го освоил во 2015 и 2016 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гаф на Суарез, бараше пенал затоа што голманот кој одбрани играше со рака

A1on

Познати сите четвртфиналисти во Копа Америка

A1on

Аргентина и Колумбија четвртфиналисти во Купот на Америка

A1on

Селекторот на Катар: Дојдовме да играме фудбал, не да се сликаме со Меси

A1on

Бразил и Венецуела обезбедија четвртфинале на Копа Америка

A1on

Скалони: Мора да го победиме Катар

A1on