Поранешната претседателка на Аргентина се појави пред Суд за корупција

Поранешната претседателка на Аргентина, Кристина Фернандез денеска се појави пред Суд на првото рочиште од серијата судски процеси за корупција.

Безбедносните агенти ја затворија судницата во Буенос Аирес кога пристигна Фернандез.

Таа е обвинета за проневера за проекти за јавни работи во времето кога беше претседателка од 2007 до 2015 година. Фернандез ги негира сите обвинувања.

Јавноста очекуваше нејзина кандидатура против конзервативниот претседател Морис Макри на изборите во октомври, но таа ги изненади сите викендов кога објави дека ќе се кандидира за потпретседателка, додека поранешниот шеф на нејзиниот кабинет Алберто Фернандез ќе ја предводи листата како претседателски кандидат.

Би можело да ве интересира

Милиони луѓе без струја во Аргентина, Уругвај, Парагвај и Бразил

A1on

Застрелан аргентински пратеник во близина на Националниот конгрес

A1on

На судење на секс гуру во САД ќе сведочат „жигосани“ жени

A1on

По 5 години Врховниот суд ги укина пресудите за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ФБИ ги истражувало наводите за бегство на Хитлер во Аргентина

A1on

Дете преживеа еден ден во пустина

A1on