Лоренте и Регулион први заминуваат од Реал

Маркос Лоренте и Серџо Регуљон, се првите фудбалери кои ќе заминат од кралскиот клуб, пишува „Мундо депортиво“.

Тренерот Зинедин Зидан не ги гледа овие двајца играчи во неговите планови за следната сезона, па така се сретнал со нив и им ја соопштил веста дека во летниот преоден рок треба да најдат друга екипа.

Зидан веќе неколку дена најавува дека ќе прави големи промени во екипата, а во таа намера ја добил и поддршката на Флорентино Перес.

Инаку „Лос бланкос“ оваа сезона беа 19 бодови зад нивниот ривал и шампион Барселона, а претходно беа елиминирани и од Лигата на шампиони и од Кралскиот куп.

Би можело да ве интересира

Кутињо: Не знам дали повторно ќе играм за Барса

A1on

Нејмар се согласил на петгодишен договор со Барселона

A1on

Ето: Барселона е вистинското место за Салах

A1on

Ван Гал: Меси треба да се запраша зошто толку време не ја освоил Лигата на шампионите

A1on

Нејмар подготвен да се извини на навивачите на Барселона

A1on

Торес објасни зошто решил да ја заврши својата кариера

A1on