Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ бега од можноста да се изврши надзор врз договорите во периодот од 10 години наназад

Денеска ВМРО – ДПМНЕ буквално избега и докажа пред граѓаните дека никако не сака нивното владеење да биде на увид на граѓаните. Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ денеска грубо, најгрубо го прекрши Деловникот на Собранието и постапи спротивно на своите надлежности и овластувања, изјави Костадин Костадинов на денешната прес конференција.

“Кузмановска, спротивно на процедурата и на одлуката на мнозинството, членови на Комисијата за финансирање и буџет, за промена на насловот на Иницијативата за надзорна расправа, таа одлучи да го прекрши Деловникот и да ја стави иницијативата со стариот наслов.

ВМРО-ДПМНЕ, ќе повторам, бега од можноста да се изврши надзор врз договорите во периодот од 10 години наназад.

Ние, како пратеничка група на СДСМ со коалицијата, апсолутно немаме никакви дилеми и се согласуваме со таквата иницијатива, но не смееме да дозволиме, ниту смееме да го нарушиме дигнитетот на Собранието и нашиот како пратеници, надзорната расправа како институт да се користи исклучиво за популистички, теснопартиски цели, а се со една намера, оцрнување на граѓаните.

Ја повикуваме претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, веднаш да ја закаже Комисијата за финансирање и буџет и да ја стави иницијативата за одржување надзорна расправа со видоизменет наслов за што постои и одлука на Комисијата за финансирање и буџет.

Во интерес на јавноста, насловот гласи вака:

„Имплементација на Законот за јавни набавки Член 23, што всушност може да го видиме и во самото барање поднесено од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ – за склучените договори за консултантски, адвокатски и нотарски услуги со Владата и органи на државната управа, како и препријатија во целосна, доминантна и делумна сопственост на државата во измнинатите 10 години“.

Почитувани граѓани, на крај, би сакал да ве информирам дека не е проблем за ВМРО-ДПМНЕ што не го прифати насловот, суштината не е во насловот. Суштината лежи во десетте години

кои бараме да бидат предмет на надзор, а се со цел граѓаните навистина да дознаат какви се договори склучувале директорите и функционерите кои во тоа време биле поставени во институциите.

Повторувам и охрабрувам, да не бегаме од увидот на јавноста. Во име на транспарентноста, во име на подигнување на демократските вредности и принципи во ова Собрание на Република Северна Македонија, да ја свикаме комисијата и заеднички, да го ставиме на гласање, да го почитуваме Деловникот и она што значи одлука на Комисијата и во име на граѓаните да постапиме и надзорната расправа.

Навистина да се одржи, но да има суштина и да има јасна определена цел.

Ние, како политичка партија со коалицијата секогаш сме поддржувале, ќе поддржуваме и охрабруваме што повеќе да се користат институтите кои што располагаат во ова собрание, а се со цел и во име на транспарентноста на демократијата во нашата Република Северна Македонија.”, објасни Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски се уште го брани криминалот на Никола Груевски и тоа е единствениот негов фокус и константа

A1on

СДСМ: Лашкоска е симбол на непотизам, ВМРО-ДПМНЕ нема чесни и одговорни личности

A1on

СДСМ: Државата за првпат враќа пари директно кај граѓаните

A1on

СДСМ: Обвинетиот Димовски да одговори за случајот „Топлик” на СЈО и како добил државно земјиште заедно со Хидро Мицкоски

A1on

СДСМ: Расипничкото ВМРО-ДПМНЕ не го разбира концептот за враќање пари кон граѓаните

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги ограби граѓаните и докажа дека не може да донесе ниту подобар стандард

A1on