Австрискиот претседател ги разреши сите министри од ФПО освен еден

Претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен ги разреши сите министри од редовите на Слободарската партија (ФПО) освен шефицата на дипломатијата Карин Кнајсел.

Министерката за надворешни работи влезе во Владата на предлог на ФПО, но како натпартиска личност.

Австрискиот претседател рече дека поединечно ќе ги разгледа сите предлози за пополнување на испразнетите министерски места, до што дојде по распаѓањето на владината коалиција, составена од Австриската народна партија на канцеларот Себастијан Курц и ФПО по скандалот со објавената снимка.

ФПО изминатиов викенд остана без лидерот и потпретседателот, Хајнц Кристијан Штрахе и Јохан Гуденус, откако се појавија видео снимки од 2017 година на кои се гледа како на една наводна внука на руски милијардер наводно ѝ нудат државни зделки за финансиска поддршка на нивната партија. Курц вчера го разреши министерот за внатрешни работи Херберт Кикл, со што целосно ја прекина соработката на ФПО.

Би можело да ве интересира

Курц: Не би го советувал Штрахе да се врати во политиката

A1on

Курц и ОВП фаворити пред предвремените избори во Австрија

A1on

Штрахе се откажа од мандатот во ЕП

A1on

Штрахе поднесе пријава против германските медиуми

A1on

Новата преодна Влада на Австрија положи заклетва

A1on

Белен: Ќе барам мандатар кој ќе има широка поддршка во Парламентот

A1on