Шестгодишно дете од Прилеп исчезна во Тетово

Во Секторот за внатрешни работи во Тетово вчера било пријавено дека од саботата,18 мај, е исчезнато дете. Жител на Прилеп пријавил дека во Тетово е исчезнато неговото шестгодишно дете.

– Дваесет и деветгодишниот Е.М. од Прилеп, вчера (20 мај) во 11 часот и 30 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавил дека на 18 мај годинава околу 21 часот, додека играл на лулашките во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово, наеднаш се изгубил нивниот шестгодишен син, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Прилепчанецот во полицијата истакнал дека од саботата до понеделникот заедно со сопругата го барале детето, па потоа се одлучиле да го пријават исчезнувањето.

– Според исказот, тројцата членови на семејството времено дошле во Тетово од Прилеп. Во Тетовско престојувале десетина дена и работеле на собирање на старо железо, информираат од СВР Тетово.

Оттаму соопштија дека се преземаат повеќе мерки со цел да добијат повеќе информации и да се најде детето.

Би можело да ве интересира

Кривична и притвор за возачот на камионот што предизвика сообраќајка кај скопската обиколница

A1on

Расчистено убиство во Струмица, убиецот притворен

A1on

Прегазен мигрант на пругата кај Демир Капија

A1on

Струмичанец убиен, па потопен во буре кај браната Турија

A1on

Државјанин на Северна Македонија загина во сообраќајка во Косово

A1on

Почина еден од повредените полицајци во сообраќајката кај скопската обиколница

A1on