ВИДЕО: Таунсенд автор на најубавиот гол во Премиер лигата

Играчот на Кристал Палас, Андрос Таунсенд го има постигнато најубавиот гол во Англиското фудбалско првенство сезона 2018/19.

Дваесет и седумгодишниот Таунсенд е награден за погодокот постигнат во 18.коло од Премиер лигата на натпреварот со Манчестер сити. Дуелот заврши со победа на лондонскиот клуб со 3:2.

За признанието конкурираа десет фудбалери, сопственици на месечна награда за тековната сезона.

Таунсенд победи во изборот за декември, а негова конкуренција за гол на сезоната беа: Жан-Мишел Сери (Фулам, август), Даниел Стариџ (Ливерпул, септември), Арон Ремзи (Арсенал, октомври), Сон Хин Мин (Тотенхем, ноември), Андре Шурле (Фулам, јануари), Фабијан Шер (Њукасл, февруари), Ентони Кнокарт (Брајтон, март), Еден Азар (Челзи, април) Винсент Компани (Манчестер сити, мај).

Во изборот учествуваа навивачи и стручни лица.

Би можело да ве интересира

Погба сака во Јувентус поради Кристијано Роналдо

A1on

Агентот на Лукаку за Интер: Тешка работа, но не постојат невозможни нешта

A1on

Раниери опција за заменик на Бенитез на чело на Њукасл

A1on

Тоти доби понуда од англиски клуб да ја обнови фудбалската кариера

A1on

Дерби Каунти дозволи Челзи да преговара со Лампард

A1on

Кеита: Салах се грижи за мене како постар брат

A1on