Премиера на краткиот игран филм „СК2020“

Вечерва во 20.00 часот во киното „Фросина“ ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм „СК2020“ (работен наслов „Здив“) во сценарио и режија на Радован Петровиќ.

Филмот ја третира темата на загадувањето и дилемата на едно македонско семејство дали да ја напушти државата.

Филмот се снимаше оваа зима на локации во Скопје.

Гланите улоги ги толкуваат Верица Недеска-Трајкова, Зоран Љутков, Анастасија Аневска, Торијан Азгоур и Катерина Коцевска.

Директор на фотографија е Андреј Лембанов, костимограф Жаклина Крстевска, сценограф Симо Бранов, шминка Ирена Сенокозлиоска, дизајн на звук Ристо Алчинов, а монтажер Радован Петровиќ.

Продуценти се Роберт Насков и Сања Тодоровска-Арсова. Тонската постпродукција се одвиваше во Аудиохаус, а видео постродукцијата во Фх3х. Филмот е во продукција на „Кино око“, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија.