Кампањи против насилство и безбедност во сообраќајот кај младите

Агенцијата за млади и спорт во изминатиот период реализираше едукативно-информативни настани како дел од кампањите „Насилството раѓа насилство. Сопри го, не го разгорувај“ и „Почитувај ги сообраќајните прописи, почитувај го животот. Не пиј додека возиш!“.

-Во склоп на едукативно-информативните настани, беа посетени средните училишта во Градот Скопје, „Здравко Цветковски”, „Арсени Јовков”, „Браќа Миладиновци”, „Марија Кири Склодовска” и „Михајло Пупин”, од страна на членовите на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот и вработените од Секторот за превенција при СВР Скопје од Министерство за внатрешни работи, соопштија денеска од Агенцијата.
Особен интерес кај средношколците од прва до четврта година имаше за делот во врска со последиците од насилството меѓу средношколците, како и причините за појава на истите.

Имајќи го предвид зачестениот број на сообраќајни несреќи предизвикани од млади лица, посебно внимание беше посветено на темата за подигнување на свеста за сообраќајната култура кај младите.

Во наредниот период кампањата ќе продолжи со уште позасилено темпо и со нови настани во координација со МВР и Националниот комитет.

Би можело да ве интересира

Полициска контрола викендов во Скопје: 183 лица возеле со поголема брзина

A1on

Во осум сообраќајки вчера во Скопје, две лица со тешки повреди

A1on

Двајца пешаци повредени во сообраќајка во Скопје

A1on

Полицијата во Скопје исклучила 33 возачи од сообраќај

A1on

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Страцин-Крива Паланка

A1on

Во Скопско казнети 77 возачи за брзо возење

A1on