Бортников: Огранокот на ИД собра околу 5.000 екстремисти во северен Авганистан

Огранокот на ИД собрал околу 5.000 екстремисти во северен Авганистан, на границата со поранешните советски републики од Централна Азија, предупреди директорот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников.

Бортников рече дека меѓу регрутираните борци на ИД има многумина кои се бореле во Сирија.

– Особено загрижува повторното распоредување терористички групи во северните авганистански провинции, изјави Бортников пред началниците на поранешните советски разузнавачки служби во Душанбе.

Тој предупреди дека локалниот огранок на ИД, Хорасан, успеале само во таа област да соберат 5.000 борци.