Завршна манифестација на Виз Ер Скопски Маратон со сите партнери и учесници

Во понеделник вечер во Парк Хотел и Спа беше организирана завршната манифестација на Виз Ер Скопски Маратон, на која присуствуваа сите партнери и учесници.

Сојузот на спортови на Скопје, и оваа година, на 15. јубилеј на Виз Ер Скопски маратон, уште еднаш покажа дека темелите на добрата организација лежат во цврсто поставени цели, пожртвуваноста и многу труд. Тие го постигнуваат тоа благодарение на сите учесници, покровители, партнери, поддржувачи и соработници. На вечерната церемонија тие доделија благодарници на сите тие кои што помогнаа во грандиозноста на Виз Ер Скопски маратон 2019.

Оваа јубилејна година Виз Ер Скопски маратон зеде голем чекор и за зацврстување на хуманитарниот елемент. Тие преку соработка со givengain.com успеаја да поттикнат 164 донации на 4.248 евра од 19 земји за 3 организации, СОС Детско село, Проект среќа и Здружение на лица со пулмонална хипертензија – Момент плус.

Најдобрите 3 женски тимови на 5км тим билдинг трката беа NRC – Nike + Run Club со освоено прво место, Делта со второ место и Алкалоид – Здравјето пред сѐ со трето место. Во машка категорија први беа Делта, втори NRC – Nike + Run Club и трети ДХЛ Тим. Најдобри три женски екипи од 21км тим билдинг трката беа Делта, NRC – Nike + Run Club, Beat Run Crew, а машки АРМ, Делта и NRC – Nike + Run Club. Од женските тимови на штафетниот маратон „ЕУ за спорт“ најдобри женски тимови беа Triogy Racing, ОК Златоврв и ФЕИТ, а најдобри од машките тимови беа ОК Златоврв, АРМ и АК Струмица и мешани МПС Скопје, Ваљда ќе стигнат и ИПА Скопје.

Прво место за најдобар транспарент беше Ива Весевска, а најдобра фотографија имаше Анета Цветкова.

Би можело да ве интересира

Скопски маратон: Турние победник кај мажите, Мухири најбрза кај дамите

Ана Ололовска

ФОТО: Рекорден број учесници од 58 држави на 15. Виз Ер Скопски маратон

Ана Ололовска

12.500 учесници на Виз Ер Скопскиот маратон

Ана Ололовска

Околу 12.500 учесници на утрешниот Скопски маратон

Ана Ололовска

Пријавувањето на Виз Ер Скопски маратон се затвора на 22 април

Ана Ололовска

Виз Ер Скопски маратон го прославува својот 15. јубилеј

Ана Ололовска