„Вечерње новости“: Србија купува 10 тони злато

Србија ќе ги зголеми своите резерви на злато од постојните 20 тони на 30 тони до крајот на 2019 година, а потоа, во следната година и половина, до дури 50 тони, објави весникот „Вечерње новости“.

Весникот нагласува дека таа динамика практично е утврдена по вчерашната средба во Белград на српскиот претседател Александар Вучиќ со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Според „Новости”, претседателот Вучиќ ја започнал темата за купување благородни метали за време на разговорот, а соговорниците од ММФ му рекле дека немаат ништо против тоа, ако се вклопуваат во стратегијата за зголемување на девизните резерви.

Веднаш по средбата, повикувајќи се на неименувани извори, весникот објави дека претседателот Вучиќ ги поканил гувернерот на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ и министерот за финансии, Синиша Мали и „им даде задача: купувајте злато, Србија мора да биде безбедна”.

Би можело да ве интересира

ГРЕКО: Србија нема исполнето ниту една од 17-те препораки на СЕ за борба против корупција

A1on

Тачи: Ако оваа година не се разбереме со Србија, ќе влеземе во опасна зона

A1on

Иселувањето на младите ја чини Србија од 1,2 до 2 милијарди евра годишно

A1on

ВИДЕО: Поројни дождови го парализираа Белград, „гејзери“ се формираат на улиците, водата влегува во возилата

A1on

Вучиќ: Смешно ми е кога во медиумите ќе прочитам дека Србија води кампања против Црна Гора

A1on

Вашингтон: Белград и Приштина да преговараат без провокации и да се вратат на дијалогот

A1on