Родена првата шестка во Полска

Во Универзитетската болница во Краков, јужна Полска, жена со царски рез родила шест деца, што е прв таков случај во земјата. Од бебињата, четири се девојчиња, а две машки.

Веројатноста да се родат шест бебиња одеднаш, е еден спрема пет милијарди. Мајката и новороденчињата се добро.

– Ова е првпат во Полскa да се роди шестка, а тоа е ретко и во светски рамки… А всушност, докторите очекуваа пет бебиња, изјави одговорниот во болничкото неонатолошко одделение, Ричард Лотербах.

Родителите добија честитки и од полскиот претседател Анджеј Дуда, а локалниот фудбалски клуб Краковија понуди доживотни влезници за нивните натпревари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Супер-рефлексите на мајка спречија трагедија

A1on

Баба станала порно ѕвезда за да се прехрани, но вели дека и – ужива

A1on

Истражување: Музичарите попосакувани од лекарите

A1on

Од мит до вистина: Дали „крокодилските солзи” навистина постојат?

A1on

Украден мост од 56 тони во Русија

A1on

ВИДЕО: Германски циркус ги замени животните со холограми

A1on