ОН: Вооружена група го прекина водоснабдувањето во Триполи

Вооружена група го прекина водоснабдувањето на опколениот либиски главен град Триполи, во кој живеат 2,5 милиони жители, соопштија Обединетите нации.

Според Светската организација, блокадата на водата може да биде воено злосторство.

Владата ги обвини силите лојални на Калифа Хафтар, кои се обидуваат да го заземат Триполи.

Групата во неделата изврши напад врз главната постројка на мрежата која снабдува со вода.

Портпаролот на ОН, Стефан Дјожарик рече дека светската организација е длабоко загрижена поради прекинот на снабдувањето со вода.

ОН соопштија дека вооружените мажи ја нападнале главната водоводна станица во Триполи и го сопреле водоводот кој снабдувал вода во главниот град и во градовите на северозапад, опфаќајќи околу два милиона луѓе.

Би можело да ве интересира

Коен: САД сакаат да го вратат Иран на преговарачка маса

A1on

Прв пат избран Кинез за шеф на Агенцијата за земјоделство на ОН

A1on

Гутереш апелира на „челични нерви“ за решавање на ситуацијата во Персиски Залив

A1on

ОН: Неопходно е почнување преговори меѓу талибанците и владата во Кабул

A1on

ОН: Две милијарди луѓе се уште немаат вода за пиење

A1on

Мијатовиќ: Европа да ја прекине соработката со либиската крајбрежна стража

A1on