ЕУ со апел до САД и Иран за смирување на тензиите

Европската унија денеска упати апел до САД и Иран за смирување на тензиите во регионот.

– Не треба да се произведува нова нестабилност, изјави Маја Коцијанчиќ, портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини. Таа нагласи дека е многу важно да се избегнува секаков облик на провокација и насилство.

– Потребно е да се преземат потребните напори за намалување на напнатоста, препорача Коцијанчиќ преку Твитер.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф денеска го спореди американскиот претседател Доналд Трамп со воинствени владетели од минатото, како Џингис Кан и Александар Велики, потенцирајќи дека Иранците „опстојувале во текот на милениумите, додека агресорите исчезнувале”

Зариф на Твитер оцени дека Трамп е „втурнат во геноцидни забелешки“ и дека се обидува да го постигне она „што не успеале Александар (Велики), Џингис (Кан) и останатите агресори“.

Трамп синоќа повторно му се закани на Техеран, порачувајќи му дека евентуален конфликт ќе биде официјален крај за Иран.

– Ако Иран сака да се бори, тоа ќе биде официјален крај на Иран. Никогаш повеќе немојте да им се заканувате на САД, напиша Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

Илиноис ја легализираше марихуаната

A1on

Портпаролката на Меланија Трамп ќе биде нов портпарол на Белата куќа

A1on

Трамп: Напад на што и да е американско, ќе значи уништување на Иран

A1on

Попоски по состанокот во ПССЕ: Во интерес на нашата земја е да излеземе од пост-мониторингот на СЕ

A1on

Гутереш: Продолжување на мировните напори за визијата на две држави

A1on

Зариф: Иран никогаш нема да користи нуклеарно оружје

A1on