Хамбург: Родители заборавиле новороденче во такси

Млада брачна двојка го заборавила бебето во такси. Родителите, кои од болница си оделе дома со нороденото бебе, сфатиле дека го заборавиле откако ја платиле сметката и излегле од возилото со едногодишниот син.

Таткото на бебето се обидел да го стигне таксито, но таксистот не го забележал, туку возел и понатаму без да знае дека на задното седиште има бебе, кое спие. Возачот го паркирал автомобилот во подземна гаража и заминал на пауза за ручек.

Таксистот забележал дека на задното седиште има бебе дури откако презел нов повик, а бебето почнало да плаче.

Потоа, веднаш повикал полиција и брза помош, а бебето брзо било вратено кај родителите.