Заврши јубилејната 20. литературна манифестација „Илинден“

Јубилејната 20. литературна манифестација „Илинден“ почна со стихови на Кочо Рацин во Домот на култура „Илинден“, а заврши во велелепниот амбиент на манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ во Дељадровци, со стихови на Раде Силјан, Гане Тодоровски и Матеја Матевски, интерпретирани од Антонио Павловски.

На последниот дел од манифестацијата на писателите им беа презентирани знаменитостите на општина Илинден, а се заврши со дружба во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“. Писателите, како што соопшти Општина Илинден, изразиле благодарност до локалната самоуправа и до градоначалникот Жика Стојановски.

Годинашната литературна манифестација „Илинден 2019“ ќе биде запаметена по стиховите на централниот настан, поетскиот митинг „Стихови за душата“ и по рекордниот број на учесници и настани што беа реализирани за време на „Деновите на книгата“ во Општина Илинден. На љубителите на литературата им се претставија над 70 писатели и поети од земјата и регионот, при што имаа можност да уживаат и во уметничките дела на нашиот истакнат сликар Стефан Хаџи Николов, како и песните на Драган Мијалковски и музиката на Пламенка Трајковска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жителите на Јака: „Елитната населба“ е целата во кал, во потполн мрак, без јавен превоз

A1on

Промовирана антологијата „Десет унгарски поети“ во рамките на Литературна манифестација „Илинден“

A1on

Отворена изложба на сликарот Стефан Хаџи-Николов во Домот на култура „Илинден“

A1on

Чествување по повод 90 години од раѓањето на академиците Матеја Матевски и Гане Тодоровски

A1on

Со стихови од Рацин отворена литературната манифестација „Илинден“

A1on

Почнува јубилејната 20-та литературна манифестација „Илинден 2019“

A1on