Албанија на италијански бизнисмен треба да му исплати 110 милиони евра отштета

Арбитражниот суд во Вашингтон донесе пресуда по поднесената тужба против албанската Влада од страна италијанскиот бизнисмен Франческо Бекети, поранешен сопственик на телевизијата „Агон Чанел“ и неколку компании затворени под обвинение за перење пари, со која Албанија треба да му плати отштета од 110 милиони евра.

Во пресудата стои дека албанскиот премиер Еди Рама е одговорен за нападите врз бизнисменот Бекети во врска со „досието на „Агон Чанел“, енергетските компании и други инвестиции”.

Адвокатската канцеларија „Бекети“, според албанските медиуми, работи на превод на одлуката на албански јазик, по што ќе ја дистрибуира до јавноста.

Одлуката е донесена на 24 април 2019 година. Затворањето на случајот и донесувањето на одлуката е потврдено и на веб страницата на Арбитражниот суд во Вашингтон.

Отштетата што Албанија треба да му ја плати на италијанскиот бизнисмен е еднаква на социјалната помош за три години што им се дава на најранливите категории граѓани во Албанија или еден процент од БДП на земјата.

Албанските власти го товареа бизнисменот Бекети дека наводно испрал 39 милиони евра во Албанија, за што Обвинителството во јуни 2015 година поднесе обвинение. Налогот за негово апсење не се реализира, бидејќи Бекети не беше во Албанија. Во меѓувреме, заедно со телевизијата, Судот, исто така, заплени четири други компании во сопственост на Бекети или неговата мајка, фирми кои во рок од осум години, според Обвинителството, меѓу себе си префрлале милионски суми пари.

Обвинителството тогаш официјално изјави дека истрагата започнала во 2014 година за кривични дела перење пари, затајување данок и фалсификување документи.

Во обемното досие за случајот, името на премиерот Еди Рама, се споменува 18 пати. Ако Албанија го усвоеше законот со кој ако во одлука на Судот во Стразбур или Арбитража, висок државен службеник е спомнат повеќе од 10 пати, против него треба да започне кривична постапка, тогаш ќе имаше истрага за Рама. Сепак, тоа нема да се случи бидејќи таквиот закон не е усвоен во Албанија.

Би можело да ве интересира

Италијанскиот „крал на кокаинот“ побегна од затвор во Уругвај

A1on

Шехи: Не ја признаваме одлуката за избори на 30 јуни во Албанија

A1on

Спиропали: Мета сака да се прикаже како жртва

A1on

Кабинетот на Мета: Одлуката на Изборниот колегум е оркестриран скеч

A1on

Изборниот колегиум пресече избори на 30 јуни во Албанија ќе има

A1on

Албанските социјалисти завршниот изборен митинг ќе го одржат во Валона

A1on