Силен земјотрес во близина на Нова Каледонија

Силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска погоди област во Јужниот Пацифик во близина на Нова Каледонија, соопшти американскиот Геолошки завод.

За сега нема податоци за евентуална штета или повредени луѓе. Не е издадено ниту предупредување за цунами.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 14 километри.