Во Тирана ќе се одржи прв фолклорен фестивал на Македонците во Албанија

Во организација на македонското друштво „Илинден“, со поддршка на Министерството за култура на Албанија, првпат во Тирана ќе биде одржан „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“.

-Фестивалот не само што се одржува првпат, туку првпат една ваква манифестација е поддржана од страна на албанското Министерство за култура. Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои живеат во Тирана, така и од други делови на Албанија,изјави за МИА, Никола Ѓурѓај,претседател на друштвото „Илинден“.

Според него, на оваа значајна манифестација за Македонците, ќе учествуваат фолклорната група „Браќа Мемишовци” од Орешек област Гора, фолклорна група од Требиште, област Голо Брдо, како фолклорна група од Пустец, Мала Преспа, сите со македонски песни и ора од споменатите области.

Присутните ќе имаат пријатна можност да ги проследат и настапите на КУД „Илинден” од Струга и театарот „Скрб и утеха” од Скопје,кои се гости на вечерта.

Фестивалот ќе се одржи на 9 јуни со почеток во 18:00 часот, во Куклениот театар во Тирана а влезот е слободен.

Би можело да ве интересира

„Фолклорни игри под Шара“ во Тетово

A1on

Јубилеен концерт на ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија

A1on

Одржан првиот фолклорен фестивал на Македонците во Албанија

A1on

Прв фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија

A1on

АКУД „Мирче Ацев“ ќе одбележи 70 години од своето постоење

A1on

Во Битола фолклорен концерт за гости од ЦИОФФ за Јужна Европа

A1on