Меморандум за соработка на Битолскиот и Универзитетот во Корча

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола и Универзитетот од Корча – Република Албанија ќе соработуваат во насока на поддршка на претприемништвото, формирање нови компании и старт-ап програми.

Ректорите на двата универзитети Сашо Коруноски и Али Јашари на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид потпишаа соодветен Меморандум за соработка, што ќе ги уредува идните односи меѓу двете образовни институции, а истовремено ќе овозможи отварање соодветни иновативни центри во Охрид и во Корча за поддршка на претприемачите.

– Идејата е овие два центри да ги запознаат претприемачите, младите луѓе кои ги нудат нашите фондови за инвестиции и технолошки развој за креирање на нови компании и старт ап центри. Тие ќе имаат пристап до средствата за таков вид на иновативни компании. Ние сме тука да ги поучиме како да аплицираат за ИПА програмите, проектите од СБС програмата и да им помогнеме во развој на иновативните идеи, изјави деканот на ФТУ, Цветко Андреески.

Во рамки на Универзитетот во Корча веќе функционира т.н. иновативен хабит, додека средствата за охридскиот се обезбедени преку Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ, ИПА-проектот што заеднички го работат Фондот за иновации, Центарот за развој, иновации и претприемачи на РСМ, додека хабитот во Корча е реализиран со поддршка на Агенцијата за истражување, технолошки развој и иновации на РА и на Универзитетот во Тирана.

Би можело да ве интересира

Второ пријавување за упис во средните училишта

A1on

Ќе нема тестирање за „Орце Николов“, учениците ќе бидат примени

A1on

МОФ: Новиот Закон за високо образование ветуваше многу, а исполни малку

A1on

Почнува запишувањето во средните училишта

A1on

На 17 и 18 јуни запишување во средните училишта

A1on

Во Битола изминатиов викенд се одржа првиот фестивал за кларинети

A1on