Евролига: ЦСКА го детронира Реал Мадрид по неверојатен пресврт

ЦСКА Москва заостануваше речиси во текот на целиот натпревар, но со многу силна последна четвртина успеа да направи пресврт против Реал Мадрид и да се пласира во финалето на Евролигата.

Рускиот гигант победи со 95:90 и се одмазди за поразот од „кралскиот“ клуб во истата фаза на турнирот минатата година. Тогаш, тимот воден од Лука Дончиќ го освои трофејот, но сега ќе мора да ги насочи сите свои напори кон шпанското првенство.

Дуелот во Виторија беше исклучително драматичен, а не недостигаа и неколку спорни судиски пресуди кои го налутија тренерот на „белите“ Пабло Ласо.

Во финалето во недела, ЦСКА ќе се соочи против изненадувањето на сезоната Анадолу Ефес, кој го елиминира Фенербахче.

Нандо Де Коло и Серхио Родригез постигнаа 23 поени за победата на рускиот тим. Родригез постигна три тројки против неговиот поранешен тим, а повеќе од половина од поени на Де Коло дојдоа од пенали. Вил Клејбурн исто така беше на ниво со 18 поени, а Кори Хигинс придонесе со 11.

Над сите во екипата на Реал беше Фабиен Кузер. Французинот постигна 18 поени, реализирајќи 6/6 од игра. Серхио Љул постигна фантастична тројка непосредно пред крајот, што ги задржа надежите на Шпанците, но ги пропушти сите други 9 обиди од дистанца.

Би можело да ве интересира

ЦСКА му понуди нов договор на Итудис

A1on

Итудис подготвен да го продолжи договорот со ЦСКА

A1on

Клајберн прогласен за МВП на „Фајнал фор“ во Евролигата

A1on

Тренерот на Ефес ги спореди учесниците на Ф4 со најдобрите НБА-лигаши

A1on

Ефес го победи Фенербахче и се пласираше во финалето на Евролигата

A1on

Слукас пред „Ф4“ во Евролигата: Повредите не се изговор, Обрадовиќ знае како да победува

A1on