Отворена изложбата на слики „Урбани пејзажи“ од Нада Ѕмбова Донева

Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани со изложба под наслов „Урбани пејзажи“ на јавноста ѝ ја претстави уметницата Нада Ѕмбова Донева, професорка по биологија во ОУ „Свети Кирил и Методиј“.

Дваесетината дела работени во техниката акрилик на платно, се мотиви од урбаната средина, претставени во колорит и форми инспирирани од доживувањата на погледите од различни локации и височини во Кочани и во Скопје.

Според Јулијана Иванова, рецензентка на изложбата, фасцинацијата од урбаниот простор ја носи авторката кон експериментирање, со апстрактен јазик на гестикулации и слоевити линии, a крајниот резултат е нова естетика како израз на авторската размисла и имагинарност.

– Уметноста и творештвото, науката и биологијата се нераскинливо сврзани. Тоа што уметноста ги соединува човекот и природата е познат факт. Уметноста, исто така, ги прави луѓето свесни за нивната унија еден со друг во потеклото и судбината. Животот е уметност, уметноста е живот, вели Ѕмбова Донева за врската меѓу нејзината професија и сликањето.

Изложбата „Урбани пејзажи“ ја отвори директорката на Центарот за култура „Бели мугри“, Александра Димитрова.

Првата самостојна изложба на Нада Ѕмбова Донева е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Денови на македонската фотографија“ во Штип

A1on

Отворена ретроспективна изложба на Глигор Стефанов во МСУ

A1on

„Дали и ти си мигрант?” – изложба на Дарко Талески во КИЦ во Софија

A1on

Фотографии од македонски традиционални носии на изложба во Неготино

A1on

Ретроспективна изложба на Глигор Стефанов во МСУ

A1on

Отворање на изложбата на плакати од европскиот конкурс „Инклузија, не ексклизија“

A1on