Роберт Патинсон е, најверојатно, новиот „Бетмен“

Ворнер Брос го најави новиот „Бетмен“ филм кој ќе излезе 2021 година, но без Бен Афлек во главната улога. Според „Варајети“, него најверојатно ќе го замени Роберт Патинсон, најпознат по филмовите „Самрак“.

Режисерската палка ќе му припадне на Мата Ривс, а се очекува снимањето на филмот да почне во ноември.

И самиот Афлек, од кого Ривс ја презеде должноста, на Твитер објави дека е „возбуден поради новиот филм и едвај чека да ја види визијата“ на неговиот наследник како режисер.

Ако се потврди ангажманот на Патинсон (33), тој ќе биде вториот најмлад глумец кој го одиграл Бетмен на големото платно.

Кристијан Бејл имаше 31 година кога „Бетмен: Почетоци“ беше премиерно прикажан 2005 година.

Би можело да ве интересира

Холивудскиот глумец непрепознатлив, парталав и валкан

A1on

„Полусестра“ на Дамјан Козоле на 2 јули премиерно во Карлови Вари

A1on

„Скаут“ на Алекс Цветков селектиран за „Л.А. Шортс“ во Лос Анџелес

A1on

ВИДЕО: Роналдо воодушеви со своето совршено тело на одморот во Грција

A1on

Елтон Џон стана витез на Легијата на честа во Франција

A1on

Рекорд кај викенд-премиерите на Нетфликс

A1on