Дурант ќе ги пропушти и следните два натпревара со Портланд

Кошаркарот на Голден стејт, Кевин Дурант нема да може да му помогне на тимот и на третиот и четвртиот натпревар од финалната серија во плејофот на Западната конференција против Портланд.

Триесет годишниот Американец се уште се опоравува од повредата добиена на петтиот натпревар со Хјустон, објави „ЕСПН“.

Во досегашните настапи во плејофот, Дурант во просек постигнуваше 39,4 поени, 5,2 скока и пет асистенции.

По два натпревара со Портланд, актуелнио НБА шампион води со 2-0 во серијата прв до четири победи.

Би можело да ве интересира

Шекил ги именуваше тројцата најдобри кошаркари во денешницата

A1on

Пол сака да го напушти Хјустон поради конфликт со Харден

A1on

ВИДЕО: Четворица повредени при пукотници за време на прославата на шампионската титула на Торонто

A1on

Лејкерс тргнуваат по Ленард

A1on

Ентони Дејвис заминува во Лејкерси

A1on

Нови лоши вести за Голден стејт: Клеј Томпсон скина лигаменти

A1on