Кривична пријава за малолетничката која го остави своето новороденче

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против А.А (17) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напуштање немоќно дете “, казниво по член 200 од Кривичниот законик.

Таа, на 14.05.2019 година околу 11.00 часот на булевар „Македонско Косовска Бригада“, своето новородено машко бебе го однела и го оставила на земја во близина на нејзината куќа. Новороденчето, соопшти денеска МВР, било пронајдено од случаен минувач кој повикал Итна медицинска помош, по што бебето било префрлено на Клиниката за детски болести – Скопје, каде било прегледано и било констатирано дека се наоѓа во добра здравствена состојба.

По наредба од Основно јавно обвинителство – Скопје, била извршена споредбена ДНК анализа на А.А со новороденчето и било утврдено дека таа е мајка на новороденчето. После тоа, бил известен и стручниот интервентен тим од Јавна установа – Меѓуопштински Центар за социјални работи – Скопје за нивно понатамошно постапување.

Би можело да ве интересира

Во Тетово нападнат и повреден полицаец кој бил на интервенција со службата за подигнување возила

A1on

Притвор за велешанец, се заканувал на нотар од Кавадарци

A1on

Работник потешко повреден откако падна од скеле во Куманово

A1on

Расчистено убиство во Струмица, убиецот притворен

A1on

Тепачка на улицата „Цветан Димов“, едно лице е повредено

A1on

Мајката на убиениот Пино бара санкции за инспекторите кои го водеа случајот

Кристијан Ландов