Гуаидо: Нема преговори со Владата, туку посредување на Норвешка

Венецуелскиот лидер на опозицијата Хуан Гуаидо синоќа изјави дека нема преговори меѓу опозицијата и власта на Венецуела во Осло, туку станува збор за посредување на Норвешка во обид да се реши кризата.

-Нема никакви преговори, рече Гуаидо на состанок во Каракас, додавајќи дека делегација на опозицијата во Осло е на разговори со норвешките посредници.

Во Норвешка вчера се одржа средба меѓу власта и опозицијата на Венецуела, со цел да се изнајде решение за кризата по неуспешниот бунт против претседателот Николас Мадуро.

– Да, се водат разговори меѓу владата и демократскиот дел на опозицијата…венецуелската Влада сака дијалог, истакна венецуелскиот амбасадор во ОН Хорхе Валеро, одговарајќи на новинарско прашање.

Валеро го осуди мешањето на САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги зајакна санкциите против венецуелската влада и отворено застана зад опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател. Валеро го нарече Трамп воен злосторник.

– За жал, постои и опозиција која поттикнува на војна, терористичка и фашистичка…марионета на американското царство, истакна Валеро.

Норвешкото Министерство за надворешни работи соопшти дека не ги коментира можните улоги во потенцијалните мировни преговори или оние кои се во тек.

– Норвешка со голема загриженост ја следи ситуацијата во Венецуела. Силно ги охрабруваме страните да најдат политичко и мирно решение за да се избегне натамошна ескалација, соопшти портпаролката на норвешкото МНР.

Би можело да ве интересира

Бразил и Венецуела обезбедија четвртфинале на Копа Америка

A1on

Илјадници Венецуелци преминаа во Колумбија да купат храна и лекови по отварањето на границата

A1on

Мадуро ја отвори венецуелската граница со Колумбија

A1on

Гуаидо: Не се во план преговори со Мадуро

A1on

ОН: Од Венецуела побегнале четири милиони луѓе

A1on

Брод удри во норвешка нафтена платформа во Северно Море

A1on