Изложба на дела на студенти од Меѓународниот Балкански универзитет на тема „Уметност и архитектура“

Во универзитетскиот кампус на Меѓународниот Балкански универзитет (МБУ), денеска ќе биде отворена изложба на тема „Уметност и архитектура“. Изложбата се состои од повеќе од 200 дела на зададената тема изработени од студенти на Факултетот за уметност и дизајн и на Факултетот за инженерство.

На отворањето на изложбата ќе говорат Деканката на факултетот за уметност и дизајн, проф. д-р. Александра Ристовска и раководителот на Катедрата за архитектура проф. д-р. Александар Андовски.

Поставката содржи над 200 дела меѓу кои слики, цртежи, постери, фотографии од студентите од студиските програми за уметност и дизајн, заедно со макети, цртежи на резиденцијални објекти, ентериер, индустриски дизајн, театри, јавни објекти, проекти за урбанизам и други објекти во фокусот на студентите по архитектура.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Денови на македонската фотографија“ во Штип

A1on

Отворена ретроспективна изложба на Глигор Стефанов во МСУ

A1on

„Дали и ти си мигрант?” – изложба на Дарко Талески во КИЦ во Софија

A1on

Фотографии од македонски традиционални носии на изложба во Неготино

A1on

Ретроспективна изложба на Глигор Стефанов во МСУ

A1on

Отворање на изложбата на плакати од европскиот конкурс „Инклузија, не ексклизија“

A1on