Одбележување на 19 Мај, Денот на семејниот лекар

„Семејните доктори се грижат за вас во текот на целиот ваш живот“ е темата на манифестацијата што ја орагнизира денеска Здружението на лекари по општа и семејна медицина (ЗЛОМ/СМ), по повод 19 Мај, Денот на семејниот лекар.

Манифестацијата ќе се одржи на Медицинскиот факултет во Скопје, а според најавата, треба ја отвори министерот за здравство Венко Филипче.

Покрај министерот Филипче, обраќања ќе имаат и д-р Жихан Тавил од Светската здравствена организација, претседателот на WONCA Europe, проф. д-р Мехмет Унган, претседателот на Асоцијацијата на лекари по општа и семејна медицина на Југоисточна Европа, прим. д-р Љубин Шукриев, координаторот на Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет, проф. д-р Катарина Ставриќ, како и претседателот на ЗЛОМ/СМ, д-р. Катерина Ковачевиќ.

По обраќањата ќе следува дискусија, а предвидено е и доделување признанија.

Би можело да ве интересира

Филипче: Од 1 ноември ќе се зголеми капитацијата на матичните лекари

A1on

Од 1 јануари 2020 година сите аптеки може да влезат во мрежата во Министерството за здравство

A1on

Здравство: Краен рок за пријавување на јавниот повик за изразување интерес за работа на доктори на медицина во ПЗЗ во ЗД

A1on

Минатата недела 70 нови случаи на мали сипаници, со МРП вакцинирани вкупно 29.857 деца до 14 години

A1on

ВИДЕО: Отворен хелиодромот во ГОБ „8 Септември“, директорот Костов во преговори за набавка на медикоптер

A1on

Идниот месец почнува вакцинацијата за заштита на децата од пневмокок и рота вирус

A1on