Повредени шест лица, 11 сообраќајки изминатото деноноќие во Скопје

Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај биле исклучени 30 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената и девет нерегистрирани возила.

Санкционирани се и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол, 18 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден почетник.

За непрописно паркирање биле казнети 72 возачи, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 60 возила.

Казнети се и осум пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, тројца за неносење сигурносен појас и девет за користење мобилен телефон при возење.

Би можело да ве интересира

Полициска контрола викендов во Скопје: 183 лица возеле со поголема брзина

A1on

Во осум сообраќајки вчера во Скопје, две лица со тешки повреди

A1on

Двајца пешаци повредени во сообраќајка во Скопје

A1on

Полицијата во Скопје исклучила 33 возачи од сообраќај

A1on

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Страцин-Крива Паланка

A1on

Во Скопско казнети 77 возачи за брзо возење

A1on