Повторно судири меѓу Хути борците и јеменските провладини сили

Хути борците и провладините сили на Јемен, поддржани од Саудиска Арабија, денеска се судрија во градот Ходеида во Јемен, прекршувајќи го примирјето, со што го закомплицираа договорот за повлекување на војниците, чија цел беше да почнат пошироки мировни преговори.

Пристаништето Ходеида, кое беше под контрола на Хутите, е од суштинско значење за милиони Јеменци на кои им се заканува глад поради војната, бидејќи тоа е главното место за увоз на храна и помош.

Повлекувањето на Хутите од Ходеида и уште две пристаништа на Црвеното море почна во саботата и беше најзначаен напредок во напорите да заврши четиригодишната војна.

Обединетите нации вчера соопштија дека пристаништата им се предадени на припадниците на крајбрежната стража и дека повлекувањето се одвива според планираното, но двете страни известуваа за обновените конфликти денеска.

Медиумите со кои управуваат Хутите објавија дека провладините сили погодиле неколку области на Ходеида, вклучувајќи го и аеродромот.

Тие не посочија дали тоа се јеменски војници или припадници на меѓународната воена коалиција предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува владата на претседателот Абд Раби Мансур Хади.

Провладините сили соопштија дека Хути борците се обиделе да се инфилтрираат во Ходеида, но дека биле спречени во тоа.

Би можело да ве интересира

ОН: Во Јемен годинава има 460.000 регистрирани случаи на колера

Ана Ололовска

Хутите нападнаа воени цели во Саудиска Арабија

Ана Ололовска

Деветмина ранети во напад на Хути со дрон врз саудиски аеродром

Ана Ололовска

Саудиските жени со предбрачен договор си го заштитуваат правото да возат

Татјана Ташкова

Јеменски бунтовници нападнаа саудиски аеродром, еден загинат и 21 ранет

Ана Ололовска

Јемен: Хутите соборија разузнавачки авион на меѓународната коалиција

Ана Ололовска