Во дом на битолчанец пронајдени пушки, пиштол и муниција

На ден 15.05.2019 година врз основа на Наредба за претрес на дом издадена од судија на предходна постапка од Основен  суд Битола, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, извршен е претрес во домот на лицето 34 годишен жител на Битола поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело по
член 396 “недозволено изработување, држење, и тргување со  оружје и распрскувачки материи” од Кривичниот Закон.

При претресот во домот на лицето се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени:еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9мм за пиштол,, седумдесет и две парчиња ловна муниција, еден куршум калибар7. 65мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.

За настанот е известен надлежен  обвинител од ОЈО Битола.

Би можело да ве интересира

Уништени 600 парчиња оружје и 400 килограми дрога

Истрага за пронајдено оружје и муниција во Марино

Ана Ололовска

СИПРИ: Во светот има 13.865 парчиња нуклеарно оружје

Ана Ололовска

Определен притвор за скопјанецот кој тргувал со оружје и дрога

Ана Ололовска

Пронајдено оружје и кокаин во дом на скопјанец

Ана Ололовска

Администрацијата на Трамп одобри трансфер на оружје во вредност од 8 милијарди долари на Блискиот исток