Во Германија спроведена голема истрага за даночно затајување

Властите во Германија денеска претресуваа куќи и банки низ целата држава во истрагата за даночно затајување, иницирана од Дојче банк.

Претресени се 11 финансиски канцеларии во Бон, Келн, Дизелдорф, Франкфурт и други градови, изјавија обвинителите.

Тие не ги именуваа банките, но истакнаа дека меѓу нив има и некои локални штедилници, посочувајќи дека Дојче банк не е единствената институција, објави „Њујорк тајмс“.

Дојче банк, каде што германската полиција упадна во ноември поради можно даночно затајување, соопшти дека нејзините канцеларии денеска не се пребарани.

– Истрагите не беа насочени против Дојче банк, се наведува во соопштението, во кое се додава дека банката соработува со Јавното обвинителство и доброволно ги отстапува сите потребни документи.

Во соопштението се додава дека денешните претреси беа насочени на осум поединци, четири даночни советници и шест компании за управување со имот.

Луѓето се осомничени за криење на капиталните добивки од германските даночни власти, користејќи оф-шор компании со помош на големи германски банки на британските Девствени Острови.

Би можело да ве интересира

Франција, Британија и Германија испратија предупредување до Иран

A1on

ВИДЕО: Се судрија два воени авиони над Германија, се трага по еден од пилотите

A1on

Расте бројот на членови на екстремната десница во Германија

A1on

Жителите на Остриц масовно купуваа пиво во знак на протест поради одржувањето на неонацистички фестивал

A1on

Меркел повика на борба против неонацистите „без какви било табуа“

A1on

Меркел и Меј апелираат на воздржаност на САД и Иран

A1on