Најмалку шест лица загинаа во судири во Судан

Најмалку шест лица загинаа, меѓу кои и еден офицер, во судирите меѓу суданските демонстранти и приврзаниците на соборениот претседател на Судан, Омар ал Башир, што се случија во текот на ноќта.

Демонстрантите, но и Воениот совет кој е на власт, соопштија дека нападот го предизвикале луѓе од безбедносните сили на Ал Башир.

Во текот на своето 30-годишно владеење, тој формираше неколку паравоени формации.

Американската амбасада во Судан тврди дека за нападот е одговорен Воениот совет.

Како што соопшти Амбасадата, припадници на Советот дале наредба да се тргне блокадата на патот и да се искористи солзавец против демонстрантите, што на крај резултираше со насилство во текот на ноќта.

Лекарската комора на Судан соопшти дека шестмина се загинати, додека Војската на Судан потврди дека меѓу загинатите е еден мајор.

Според податоците на Комитетот, повеќе од 200 луѓе се повредени.

Би можело да ве интересира

Обид за преврат врз Воениот совет во Судан, уапсени околу 70 офицери

A1on

Генерален штрајк во Судан, се бара оставка од Воениот совет

A1on

Африканската унија го суспендираше Судан по крвавата пресметка со демонстрантите

A1on

Суданската армија и опозиција договорија транзициски период

A1on

Поранешниот судански претседател обвинет за убиство на демонстранти

A1on

Пожар во Јужен Судан уништи четири села, загинаа 33 лица

A1on