(ВИДЕО) Филипче: Не поднесувам оставка, направивме максимум што можевме

Во пресрет на „метлата“, министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека не чувствува потреба да си поднесе оставка и верува во исправните политики на премиерот, кој најдобро знаел кој работи и кој треба да биде во неговиот тим.

Министерот Филипче на речиси сите анкети за тоа кој треба да си замине од досегашната функција е меѓу првите неколку министри, со најмногу гласови. Во интервју за „А1 он“ Филипче вели дека за таквото мислење на граѓаните придонеле таканаречените скандали што му биле наметнувани, со цел да му се наштети нему лично, а тој и неговиот тим за нецела година и пол дале максимум што можеле.

„Ми се калемеа работи што овде, во Министерството, не беа направени. Многу ми е драго што вистината секогаш излегува на виделина, обвинителката Вилма Рускоска за тендерот за реагенси изјави дека нема ниту една основа за кривично дело и дека се работи за шпекулации и обвинувања“, вели министерот Филипче.

За тендерот од 35 милиони евра за реагенси, кој беше поништен и важи за еден од поголемите скандали во здравството, министерот објаснува дека се подготвува нова постапка и уверува дека нема да ја повторат грешката.

Во текот на оваа недела министерот најавува ново јавно-приватно партнерство, овој пат за паркингот на Клинички, зборува каде следно ќе воведат јавно-приватно партнерство, колку ќе чини изградбата на новиот клинички центар во кој нема да има детска кардиохирургија, а објаснува и за обвинувањата дека е вмешан во бизниси со веледрогеријата „Д-р Пановски“.

Би можело да ве интересира

Филипче: Од 1 ноември ќе се зголеми капитацијата на матичните лекари

A1on

Од 1 јануари 2020 година сите аптеки може да влезат во мрежата во Министерството за здравство

A1on

Здравство: Краен рок за пријавување на јавниот повик за изразување интерес за работа на доктори на медицина во ПЗЗ во ЗД

A1on

Минатата недела 70 нови случаи на мали сипаници, со МРП вакцинирани вкупно 29.857 деца до 14 години

A1on

Идниот месец почнува вакцинацијата за заштита на децата од пневмокок и рота вирус

A1on

Здравство: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните

A1on