Астробиолог тврди дека на Марс постои скриен живот

Луѓето бараат знаци на вонземски живот низ целиот универзум, вклучително и на Црвената планета. Некои астробиолози теоретизираa дека Марс претставува подобна средина за живот.

Под претпоставка дека Црвената планета некогаш беше живеалиште каде што животот можеше да напредува, тоа значи дека сѐ уште има живот, дури и ако се крие некаде под површината на планетата, тврди Мајкл Фини, коосновач на The Genome Partnership.

Сегашното истражување покажува отсуство на докази за живот во воздухот на Марс, но НАСА неодамна забележа некои чудни индиции, бидејќи “Curiosity Rover” откри знаци на метан во огромен јаз.

Мајкл Фини одбива да ја изгуби надежта, велејќи: “Ако Марс имал живот пред 4 милијарди години, Марс сѐ уште има живот”.

Би можело да ве интересира

Скафандерот на Нил Армстронг повторно изложен пред јавноста

Ана Ололовска

Пад на европскиот Систем за сателитска навигација „Галилео“

Ана Ололовска

Индија повторно ја одложи мисијата на Месечината

Ана Ололовска

ВИДЕО: Русија успешно лансира најнов вселенски телескоп

Ана Ололовска

ВИДЕО: Затемнување на Сонцето над Јужна Америка

Ана Ололовска

Луѓето најверојатно ќе може да се размножуваат во вселената

Ана Ололовска