(ВИДЕО) Бајдевски: Нема да има вработувања во новото министерство за политички систем

Нема да има огласи за вработувања во новото министерство за политички систем и односи помеѓу заедниците кое треба да започне да функционира од први јуни, информираше заменик-министерот за аднистрација Александар Бајдевски.

Практично оваа министерство ќе го замени Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и како што вели тој, вработените од таму ќе преминат во новото министерство.

„Нови вработувања нема да има. Во новото министерство ќе бидат ангажирани кадри од секретаријатот. Прераспределбата на кадрите ќе се врши согласно потребите на министерството и наскоро се очекува да започне екипирањето“, рече Бајдевски.

Што се однесува до прераспределбата на административците вработени по рамковен договор, а кои со години седат дома, Бајдевски кажа дека процесот се одвива споро затоа што се уште не е затворен извештајот, за вработените кои не се појавуваат на работа. Во секретаријатот, се ангажирани 1700 лица.

„Колку што знам распределени се 200 лица. Имавме одредени проблеми во утврдувањето на тоа колку од вработените не се појавуваат на работа. Оваа е обемен процес и за него ќе биде потребно подолг период,“, рече Бајдевски.

Во однос на проекотот за реорганизација на администрацијата, кој власта го најавуваше уште во изборната кампања пред две години, од надлежното министерство информираат дека изработката на анализата е при крај и првите распределувања може да се очекуваат за седум до осум месеци.

„Направивме ревизија на постоечките и работиме на нови закони за заокружување на правната рамка. Поради недостиг на основни податоци, како и поради потреба од попрецизно мапирање на недостатоците и слабостите во областите кои ги опфаќа стратегијата изработени се нови анализи и истражувања“, рече заменик-министерот.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Османи- Чавушоглу: Северна Македонија и Турција остануваат стратешки партнери

Ана Ололовска

Власта и опозицијата без договор за лидерска средба

Ана Ололовска

Новата грчка Влада има 51 член

Објавен составот на новата грчка Влада

Силјановска-Давкова: Нема правен основ за Заев да раководи со финансиите, но каде се финансиите таму е моќта

Кристијан Ландов

Грците очекуваат новата Влада да им влее повеќе оптимизам за подобра иднина