Адеми: Се разгледуваат опции за невакцинираните деца при упис во училиште

Министерот за образование и наука Арбр Адеми денеска изјави дека се разгледуваат сите опции за невакцинираните деца кои треба да го започнат основното образовение, со цел да се запазат законите, како и јавното здравје.

Наведе дека е остварена средба со министрите за здравство и за правда, Венко Филипче и Рената Дескоска, како и дека повторно за прашањето ќе се разговара на седница на Влада.

– Една од опциите кои се разгледуваат е да се запишат учениците, во меѓувреме да се вакцинираат, или во септември, почеток на септември, да има теренска вакцинација за сите ученици кои не се вакцинирани, посочи Адеми.

Истакна дека дополнително ќе бидат спроведени консултации со експерти со цел да се најде најдоброто решение, поради тековната епидемија на морбили.

Би можело да ве интересира

Министерство за образование: Нема да дозволиме ниеден ученик да остане на улица

A1on

Адеми: Преговараме со Светска банка за подобри услови во основните училишта

A1on

ВИДЕО: Дуалното образование од експериментален ќе стане системски концепт

A1on

Основците нема да учат во саботи, ако треба ќе се продолжи учебната година

A1on

Нема дискриминација во забраната за запишување невакцинирани деца во школо и градинка

A1on

Адеми: Децата да се вакцинираат зашто нема да ги запишуваат во училиште

A1on