По расправија со сопругот, скопјанка завршила на Ургентен

В.М. (25) од Скопје е донесена во Ургентниот центар со убодна рана од остар предмет откако вчера попладне се самоповредила по расправија со сопругот.

Како што соопшти МВР, В.М. е повредена во пределот на абдоменот. Според нејзинот исказ, расправијата со сопругот се случила во нивниот дом по што таа се самоповредила со нож.

Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар, каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на натамошно лекување. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во Тетово нападнат и повреден полицаец кој бил на интервенција со службата за подигнување возила

A1on

Работник потешко повреден откако падна од скеле во Куманово

A1on

Тепачка на улицата „Цветан Димов“, едно лице е повредено

A1on

Планинар со симптоми на срцев удар со полициски хеликоптeр пренесен од Шар Планина на скопските клиники

A1on

МВР: Приведени четворица полски навивачи

A1on

Два автомобила оштетени, две лица повредени и шестмина приведени на прославата за „Вардар“

A1on