Адеми: За неколку дена насоки за уписот на првачиња по епидемијата со морбили

Министерствата за образование и наука и за здравство за неколку дена ќе излезат со став и насоки за основните училишта во однос на уписот на првачињата со оглед дека со прогласувањето на епидемијата на морбили не се запишуваат невакцинираните деца, информира денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми.

– Во постојана комуникација сме со Министерството за здравство. Секое наше решение треба да биде во согласност со уставната одредба дека основното образование е задолжително, но исто така треба да не се доведеме во ситуација да го загрозиме јавното здравство, изјави министерот за образование Арбер Адеми.

Со оглед дека имало одредена загриженост кај родителите при уписот на нивните деца во основното образование, како што рече Адеми, во наредните денови ќе дадат конкретна и јасна ориентација за сите основни училишта при уписот на првачињата.

– Во наредните денови ќе има заеднички став со Министерството за здравство и ова ќе биде решение, потенцира министерот Адеми.

Би можело да ве интересира

Досега вакцинирани 32.653 лица со МРП вакцина, минатата недела нови 10 заболени

Ана Ололовска

Од денеска достапен лекот Пирфенидон за пациентите со идиопатска белодробна фиброза

Ана Ололовска

Адеми: Не сум заинтересиран за козметичка туку за суштинска реформа на образованието

Ана Ололовска

Во Галичник почнува со работа летната патронажна медицинска служба

Ана Ололовска

Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, просечно стари по 11 години

Ана Ололовска

Увидот ќе ги покаже причините за несреќата кај кумановско Черкезе, институциите подготвени да делуваат

Татјана Ташкова