Одобрена изградбата на Триаголната кула во Париз

Административен суд во Париз одобри изградба на првиот облакодер после 1973 година кој ќе биде лоциран во јужниот дел на Париз.

Станува збор за Триаголната кула (Tour Triangle) со 41 кат која ја осмислила швајцарската компанија Херзог & де Мерон и ќе биде изградена во 15-от арондисман, јави интернет страницата „Урбан дивелопер“.

Контроверзниот проект архитектите на Херзог & де Мерон првпат го претставија во 2008 година и многу бргу наидоа на остри критики – локалните жители тврделе дека зградата ќе ги засени, а политичарите дека дизајнот е неодржлив.

Амбициозниот проект за зградата првпат беше отфрлен кон крајот на 2014 година, а потоа во 2015 година со тесно мнозинство го усвои Советот на Париз после неколку измени.

Проектот потоа беше отфрлен откако три асоцијации во соседството – СОС Париз, Француската природна средина Иил-д-Франс и асоцијацијата за Складен развој Порт д Версај, покренаа повлекување на одобрението.

Од изградбата на кулата Монпарнас, во Париз не е изграден ниту еден облакодер.

Облакодерот висок 180 метри ќе има хотел со четири ѕвезди со 120 соби, канцелариски простории и културни објекти.

Изградбата би требало да почне кон крајот на годинава, а да заврши за Олимписките игри во 2024 година.

Кога ќе биде изградена, Триаголната кула ќе стане трета највисока зграда во Париз после Ајфеловата кула висока 324 метри и Кулата Монпарнас висока 209 метри.

Би можело да ве интересира

Неизгасната цигара или електричен дефект можни причини за пожарот во Нотр Дам

A1on

Макрон ја одреди црвената линија за климата на самитот на лидерите на Г20

A1on

Франција, Британија и Германија испратија предупредување до Иран

A1on

Франција се подготвува за рекордни температури во јуни

A1on

Едно лице потешко повредено на новите блокади на Жолтите елеци

A1on

Тројца загинати и околу 30 повредени во пожар во Париз

A1on