Парондо: Барселона се фаворити, ние немаме што да изгубиме

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо после ждрепката за полуфиналните дуели од „Фајнал фор“ турнирот во Келн и добивањето на Барселона за ривал, фаворитската улога во дуелот ја препушти на Шпанците.

Шпанецот сепак смета дека во Келн нема што да се загуби.

– Игравме со Барселона двапати сезонава. Можеби ова е трета среќа. Тие се фаворити, не само на нашиот дуел туку и на „Ф4“ турнирот. И не само поради квалитетот туку и традицијата. Ние ја остваривме целта се пласиравме на „Ф4“ турнирот. Сега нема што да загубиме, одиме да играме и да се надеваме на добра резултат. Барселона има добра екипа. Тоа го знаеме сите. Вардар ќе се подготвува максимално за овој настап, изјави Парондо, цитиран од сајтот на скопскиот тим.

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона е закажан за 1 јуни.