Пронајдени заостанати НАТО бомби на аеродромот во Подгорица

На територијата на Голубовачко поле, особено во делот на аеродромот во Подгорица, пронајдени се голем број касетни бомби на НАТО, а според најновиот извештај, до пред 15 дена на аеродромот се најдени и уништени најмалку 28 такви бомби и минско-експлозивни средства.

Направите се пронајдени во близина на пожарникарската зграда и летната писта на цивилниот аеродром.

– Вистинска среќа е што до денеска никој не настрада, со оглед на тоа што се знае дека работници во близина на аеродромот на Црна Гора ги одржуваат зелените површини околу стазите, пишува подгоричкиот весник „Дан“.

Експерти од странство се вклучени во откривање и деминирање на касетните бомби. Деминирањето се врши рано наутро или кога нема летови.

Владата на Црна Гора, како што се наведува, беше запознаена дека на аеродромот во Подгорица и околината има голем број заостанати касетни бомби, иако војската и полицијата претходно вршеа таканаречено воено деминирање.

Би можело да ве интересира

ФБИ држи десет црногорски морнари на брод каде беа запленети 16 тони кокаин

A1on

ВИДЕО: Руски Су-24 прелета над носач на авиони на НАТО

A1on

Вучиќ: Смешно ми е кога во медиумите ќе прочитам дека Србија води кампања против Црна Гора

A1on

Tројца црногорски државјани уапсени за шверц на кокаин во Филаделфија

A1on

Амбасадорот на Србија повикан на разговор во МНР во Подгорица поради изјавите на српските власти

A1on

Канада го ратификуваше Протоколот за членство на земјава во НАТО

A1on