Повреден полициски службеник од колега при подготовка за чистење на оружјето

Вчера околу 15 часот пријавено е дека во касарна Илинден, полицискиот службеник 26-годишниот З. М. при подготовка на оружјето за чистење го погодил во пределот на левата надколеница полицискиот службеник 27-годишниот Ц. А. кој бил во истата просторија.

МВР денеска соопшти дека Ц.А. е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и се работи на расчистување на случајот.