Мицкоски во Видовишта: На народот му е преку глава од многуте лаги, невистини, предавства, криминали на власта

Мицкоски на средба со граѓаните на населбата Видовишта во Охрид истакна дека се наоѓа во победнички Охрид, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник Митре Милошевски ќе биде идниот градски татко, бидејќи тој е изборот на граѓаните. Во него вели тој граѓаните препознаа честит човек, домаќин, работлив, срдечен и питом, вистински избор каков му треба на Охрид.

Мицкоски потенцираше дека граѓаните го прочитаа и кандидатот на власта кој е симбол за не работата, неспособноста и корупцијата на власта која во моментов управува со Охрид. Токму поради ова Мицкоски посочи дека во Охрид ВМРО-ДПМНЕ ќе забележи двојна победа, Митре за градоначалник и Гордана за претседател на Република Македонија.

На народот му е преку глава од многуте лаги, невистини, предавства, криминали на власта. Изборот е едноставен, или се согласувате со власта и со тоа како живеете, или сакате промени кои ќе донесат правда над неправдите, развој наспроти назадувањето, вели тој.

Во недела охриѓани ќе изберат да живеат во убав Охрид и ќе донесат правда во Македонија, ќе се одзваат на повикот на татковината, заврши Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Заев само требаше да каже се срамам и веднаш ја напуштам функцијата

Ана Ололовска

Конечни резултати од парламентарните избори во Грција

Украдена гласачка кутија во атинска населба

Татјана Ташкова

Нова демократија во предност пред СИРИЗА

Aкредитирани 320 грчки и странски новинари за изборите во Грција

Грците очекуваат новата Влада да им влее повеќе оптимизам за подобра иднина