Премиерката на Нов Зеланд се сврши

Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн се сврши за нејзиниот долгогодишен партнер, Кларк Гејфорд. Тој ја запросил за време на Велигденските празници, соопшти нејзиниот портпарол Ендрју Кембел.

Гејфорд (41) е водител на телевизиска емисија за риболов, и се грижи за нивното 10-месечно бебе, додека Јасинда ги извршува државничките должности.

Нејзината бременост, објавена на почетокот на 2018 година, многумина ја сметаа за симбол на напредок за жените на раководни позиции. Таа е втората жена во историјата која се породи додека ѝ трае мандатот. Првата беше пакистанската премиерка Беназир Буто во 1990 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес регистриран на архипелагот Кермадек

A1on

Во Нов Зеланд тревога по земјотресот во океанот: Се очекуваат невообичаено силни струи

A1on

Напаѓачот од Крајстчрч се изјасни за невин

A1on

Нов Зеланд до јуни идната година ги повлекува трупите од Ирак

A1on

Во Нов Зеланд штрајкот на наставниците ги парализира училиштата

A1on

„Ер Нов Зеланд“ купува осум Боинг Дримлајнер за 2,7 милијарди долари

A1on