Нов инцидент во Крајстчрч, не се соопштуваат детали

Полицијата на Нов Зеланд соопшти денеска дека во Крајстчрч, каде минатиот месец при напад врз две џамии беа убиени 50 луѓе, се случил нов инцидент, но засега не се соопштуваат никакви детали.

На граѓаните им било советувано да ја избегнуваат областа Филипстаун во градот на Јужниот остров на Нов Зеланд. На местото на инцидентот се распоредени полициски кордони, а присутни се и возила на итна медицинска помош.

Портпарол на здравствената служба „Св. Џон Ембуланс“ изјавил дека по барање на полицијата возило на брза помош веднаш пристигнало, но дека не станува збор за ниту еден пациент.

Според весникот „Њу Зеланд Хералд“, полицијата интервенира поради закани за поставена експлозивна направа, а луѓето кои живеат во близина биле евакуирани. Полициски портпарол одби да ги коментира наводите на весникот за евентуална закана за бомба.