Словенци протестираат поради мигрантите, бараат поголема безбедност на границите

Околу 400 Словенци се собраа во знак на протест барајќи поголема безбедност на границите отфлајќи ја идејата да нивната заедница биде центар за згриживање на мигранти.

Мештаните од пограничниот регион кон Хрватска, секојдневно се соочуваат со илегални мигранти.

Тие бараат државата да ја заштити Шенгенската граница во согласност со законот и условите кои Словенија ги прифатила, кога се приклучила на Шенгенската зона.

Во Словенија се регистрирани 1.639 обиди за нелегално преминување преку границата, што е за 150 отсто повеќе од 2018 година.