Во Тетово професори собираа смет за да се поддигне еколошката свест

На иницијатива на Студентскиот парламент на Универзитетот на Југоисточна Европа тамошните професори, вработени во управата и познати личности денеска спроведоа еколошка акција за чистење на градот. Предводени од ректорот Абдулменаф Беџети, групата започна да ги собира фрлените отпадоците надвор од универзитетскиот кампус и на потегот кон центарот на градот.

-Правиме една акција за чистење на градот и со тоа да поттикнеме подигнување на свеста кај граѓаните не само заради потребата и тие да придонесуваат за ова туку повеќе превентивно да делуваат за зачувување на чистотијата на градот. Градот под Шара не доликува да биде загаден како што ни е, а сметаме дека оваа порака треба да оди и во правец на тие што повеќе се однесуваат несоодветно при менаџирање прво и лично и семејно, рече ректорот Беџети.

Во акцијата учествуваа и членовите на рок групата „Елита 5“, од здружението „Мајка и дете“ со цел да се подигкне еколошката свест кај населението.

-Секогаш сме за овие иницијативи да помогнеме колку можеме за да имаме еден почист град зошто Тетово го заслужува. Секогаш ќе бидеме за овие иницијативи. Треба да биде поттикнување за сите граганите да бидат посовесни, да имаме почист амбиент. Би сакал повеќе да бидат луѓето совесни. Ние сме група која често патува по Европа, гледаме чисти градови, гледаме граѓани кои го чистат својот град и би сакал да го видам тоа и во мојот град. Лека полека ќе се освестат, рече Ариф Зимбери од групата „Елита 5“.

Универзитетот на Југоисточна Европа над 10 години спроведува Климатски акционен план во насока на зачувување на животната средина. Самите создаваат електрична енергија со фотоволтаични панели која се користи за загревање на просториите и со тоа намалување на емисија на јаглерод диоксид.

Би можело да ве интересира

Тетовските пожарникари преку протест побараа платите да бидат според законите

Ана Ололовска

Традиционална извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019“

Ана Ололовска

Започна со работа прифатилиште за бездомни и болни кучиња во Тетово

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Ова не е место за фрлање пикавци и ѓубре од вашите автомобили“, акција на Единицата за брзи артивистички акции

Ана Ололовска

Земјена уметност: Стоп за малите хидроцентрални

Ана Ололовска

По 24-ти пат детски песни на фестивалот „Јаболчиња“ во Тетово

Ана Ололовска