Земјотрес почувствуван во Дојран, Гевгелија и околината

Земјотрес со интензитет од 2,8 степени според Рихтеровата скала утринава во 03 часот и 11 минути е почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината.

-Епицентарот на земјотресот се наоѓа 150 километри југоисточно од Скопјe и потекнува од дојранското епицентрално подрачје. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.8, а беше почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Би можело да ве интересира

Умерен земјотрес регистриран во Калифорнија

A1on

Умерен земјотрес регистриран во западна Франција

A1on

Втор земјотрес за помалку од една недела на подрачјето на Охрид

A1on

Силен земјотрес во Чиле

A1on

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

A1on

Земјотрес во Пехчево и Берово

A1on